Наместо со вода ја послужиле со средство за чистење

Од:

Британска туристка, починала во хотел на Кипар откако во нејзиниот апартман, хотелската послуга, заборавила во шише со вода, многу отровно средство за вадење на дамки.

60-годиншната Глорија Смит, била дојдена на две недели на одмор во Кипар со нејзиниот партнер Рејмонд Францис.

По долгиот ден во ресортот, несреќната туристка, се вратила во својот апартман. На ноќната масичка како и секогаш и биле оставени шишеца со минерална вода и водка. Но она што Смит не знаела е дека послугата коај дента ја чистела собата, од невнимание оставила средство за чистење кое го чувала во искористена амбалажа. Во шишето имало многу отровно средство за чистење, кое хигиеничарките од хотелот го користеле за вадење на тврдокорни дамки. Таа земала едно од шишенцата и по денот поминат на плажа и во турските бањи и сауни одличила да се истушира. Само секунди откако се напила Глорија од тоалетот на глас извикала „Ова е отров“. Вереникот раскажувал дека кога ја пронашол во тоалетот таа се обидувала да го поврати испиеното.

И покрај тоа што веднаш била пренесена во најблиската болница, жената починала поради оштетување на внатрешните органи. Рејмонд објаснил дека дополнителна несреќа било што медицинските лица во болницата дека не зборувале англиски и не можеле да ја разберат што се случило. Кога веќе разбрале, било доцна.

Според истражните органи, Смит пензионирана фризерка од Британија, била само четири дена на одмор. Според портпаролот на полицијата, хигиеничарката признала дека средството го ставала во помали шишиња, за да не ја “влече“ со себе големата амбалажа на отровната хемикалија.

Глорија Смит престојувала во луксузниот ресорт со пет ѕвезди Salamis Bay Conti Resort Hotel во градчето Фамагуста во северен Кипар, со нејзиниот вереник Рејмонд Францис.

Двојката плаќала, дури по 250 евра од ноќ, во хотелот за кој се одлучиле бидејќи нудел извонреден поглед на Средоземното море.

62 годишниот вереник низ солзи им раскажал на британските медиуми дека не може да верува што се случило и дека поради небрежност сега неговата сакана ја нема.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар