Намален карантинот во Србија, тестирање на државна сметка

Од:

Како што беше одлучено на последниот состанок на Кризниот штаб, кој се одржа во петокот, ќе се скратат новите правила за самоизолација на лицата кои имале контакт со заразените, како и карантинот за заболените од Ковид-19 до 10 дена наместо 14, информираат српските медиуми.

Но, ако некој сака порано да го прекине, може да направи ПЦР тест по седум дена, на трошок на државата. Тестот мора да биде негативен за да се прекине изолацијата.

Проф. Д-р Сања Радојевиќ-Шкодриќ истакна дека по излегувањето од болницата ќе се укине куќната изолација која досега траеше 14 дена.

„Кај пациентите кои имаат развиена клиничка слика, должината на домашна изолација зависи од времетраењето на симптомите, така што може да биде и до 14 дена доколку се уште имаат симптоми, за што одлучуваат лекарите, кои го затвораат боледувањето и одлучуваат за неговото времетраење ако станува збор за вработен“, рече проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ.

Тој наведе и дека Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ треба да направи прецизни насоки кои ќе бидат вклучени во Стручно-методолошката инструкција, која Владата на Србија треба да ја донесе за да може да се применува од утре.

Исто така, на седницата на Кризниот штаб во петокот се зборуваше за тоа како ќе се третираат контактите на заболени лица, но не беше донесена одлука. Се очекува „Батут“ да даде официјална изјава.

Цената на ПЦР тестот во Србија по лично барање е намалена од 9.000 на 6.000 динари, додека на антигенскиот тест од 3.500 на 1.800 динари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило