Нам ни треба ЕУ колку што ние ѝ требаме нејзе, велат Заев, Вучиќ и Рама

Од:

Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон Европската Унија и на регионалната соработка. Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ, порачаа премиерот Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во трипартитната изјава по денеска одржаната работна средба преку интернет конференциска врска во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка.

-Денеска се состанавме за да разговараме за натамошните чекори за нашата регионална соработка како витален пат напред за нашите земји, за Западен Балкан, за Европа и европскиот пат како целина. Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ, се вели во изјавата.

Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, се нагласува, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.

-Нашата историја и нашата иднина се европски и живееме во регион опкружен со границите на Европската Унија. Контекстот во кој се наоѓаме е предизвикувачки и истиот е предизвикан од предолгиот статус кво на Унијата vis-a-vis нашиот процес на интеграција во ЕУ. Сепак ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка. Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал – се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел преку моќта на нашиот пример. Во овој дух, ние ќе ја искажеме нашата целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули, се посочува во изјавата.

Знаеме, се додава, дека само со заедничко работење и поттикнување на регионална соработка во рамките на разни регионални иницијативи – Заеднички регионален пазар, Регионален Шенген, Зелени коридори или во поширока смисла преку Берлинскиот процес – можеме да им донесеме опипливи резултати на нашите граѓани.

-Како регион со приближно 18 милиони луѓе, можеме да ги зајакнеме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции што инаку не би биле возможни доколку го правиме тоа поединечно. На 29 јули, ќе се сретнеме во Скопје за да го потврдиме напредокот и да потпишеме договори кои произлегуваат од спроведувањето на обврските од Берлинскиот Самит, меѓу нашите три земји. Договори за соработка и помош во случај на природни катастрофи, како и за олеснување на трговијата, извозот и увозот меѓу нашите земји. Ги покануваме и охрабруваме нашите колеги во регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан ќе стане важен дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар. Во тој дух, се надеваме дека ќе го засилиме процесот на соработка меѓу нас, во целиот регион и ќе продолжиме да даваме сé од себе за тоа да се случи, се вели во изјавата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ