Најтешкиот ден од пандемијата во Црна Гора: осуммина починати, 40 отсто од тестираните позитивни

Од:

Нов негативен рекорд со коронавирусот е забележан во Црна Гора, каде во последните 24 часа се регистрирани 296 новозаразени со коронавирус и осум смртни случаи, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

Анализирани биле 749 примероци со сомневање за Ковид-19, што значи дека се заразени околу 40 проценти од тестираните лица. Најмногу нови случаи се од Подгорица, 82 и Никшиќ, 79.

Во земјата во моментов има 3.448 активни случаи, соопштија здравствените власти.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора