Најстуден јануари во Црна Гора од 1949 година

Од:

Првите десет дена од јануари во Црна Гора се најстудени од 1949 година.

– Според податоците на метеоролошките станици, средната температура на воздухот е пониска од просечната во сите места во Црна Гора. Првата декада од јануари ова година претставува куриозитет, бидејќи е постудена од просекот, изјави метеорологот Драган Буриќ.

Во Подгорица, на пример, средната десетдневна температура е пониска за околу 2,5 степени во однос на соодветната климатска нормала. На некои места на приморјето и северниот дел од државата првата декада е постудена за околу 3,5 степени Целзиусови од просекот.

– Всушност, оваа прва декада е една од најстудените во Црна Гора од 1949 година, изјави Буриќ за Радио телевизија Црна Гора.

Тој потсети дека снегот што падна годинава е првиот во некои делови на земјата по девет години.

Би можело да ве интересира

Црна Гора ќе вложи 100 милиони евра во ски центри

Со ротавирус заразени 36 деца во Црна Гора

Татјана Ташкова

Пороен дожд и град со големина на лешник во Подгорица

Во Црна Гора казна и до 20.000 евра за пушење во затворен простор

Голем интерес за напуштање на државната служба во Црна Гора

Во Црна Гора стапува во сила забраната за пушење во затворен простор