Најстариот европски град е во Бугарија?

Од:

Бугарските археолози тврдат дека го пронашле најстариот праисториски град во Европа.

Остатоците на утврдената населба се најдени во близина на градот Пробадија, во близина на Варна, а археолозите сметаат дека бил важен центар за производство на сол.

Археолозите веруваат дека новооткриениот град исчезнал некаде меѓу 4700 и 4200 година пред нашата ера и во него живееле околу 350 луѓе.

Ако нивните проценки се точни, тоа значи дека градот исчезнал околу 1500 години пред старогрчката цивилизација.

Ископувањата на ова место започнале во 2005 година, а до сега меѓу останатото, најдени се двоспратни куќи, неколку јами користени за ритуални потреби како и делови на порта и бастион.

Порано, оваа година, пронајдена е и мала некропола која се уште се истражува.

Жителите на овој град вареле вода од локалниот извор и ја користеле за правење на блокови на сол кои ги тргувале и кои им служеле за чување на месо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит