Најпознатите српски старлети вмешани во милионска измама: Рекламирале измамници кои оштетиле повеќе од 1.000 луѓе на лажно обложување

Од:

Измамниците на Фејсбук кои измамиле над 1.000 луѓе да им платат пари за безбедно обложување, се рекламираат преку социјалните мрежи од 2017 година, односно се рекламирале преку старлети.

Според информациите до кои дојде „Блиц“, тие од 2017 година до денес правеле измами преку Фејсбук, а на интернет се познати како „Шмекер тим“.

– Ги рекламираа старлети на социјалните мрежи – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот и додава дека во моментов се уапсени 11 лица – девет од Ваљево и двајца од Белград.

Според изворот на „Блиц“, оваа страница ја рекламирале старлетите Александра Суботиќ, Тара Симов, Ана Кориќ, Сандра Африка, Станија, Маја Маринковиќ, Ива Гргуриќ, Драгана Митар и Милица Кемез, Анабела.

– Организатори на групата се двајца мажи од Ваљево. Според првите информации, со заработените пари купиле станови и скапи автомобили – вели изворот на „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Директорот на „Стрежево“ купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Кривична за двајца измамници кои од брачен пар од Струмица зеле 3.000 евра

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари