Најмалку четири лица се повредени при експлозија во фабрика за ракети во близина на Анкара, објави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Состојбата на двајца од повредените е сериозна.
Според првичните информации експлозијата во фабриката во градот Елмадаг се случила при уништување на отпадните материјали.
Повредениете се вработени во фабриката.