Најголемите српски ѕвезди се простуваат од Марина Туцаковиќ: Гледај не од некое подобро место, никогаш нема да се роди жена како тебе

Од:

Најголемите српски ѕвезди се простуваат од текстописецот Марина Туцаковиќ преку социјалните мрежи.

– Маки моја… Барам зборови… Во овој пос*ан живот полн со болка, страдање и тага, ја остави најубавата трага… И претпоставувам дека вредеше да се живее за тоа… Ти благодарам за сe“, напиша Јелена Карлеуша.

И пејачката Драгана Мирковиќ објави проштална порака на Инстаграм.

– Моите мисли сега се со твоето семејство, а особено со твојот син, бидејќи само ние што имавме среќа да не допреш во овој живот со својата величина, можеме барем да претпоставиме колку изгубиле вашите најблиски. Без разлика колку време поминав со тебе, секогаш ќе биде малку, а целата епоха на нашата музика оди со вас – напиша Драгана.

– Никогаш повеќе нема да се роди таква жена што сите ја сакавме и почитувавме. Нејзините текстови ќе останат како печат на сите нас, едно време кога го имавме најголемиот поет и другар и пријател, напиша Лепа Брена на социјалните мрежи.

– Отиде една вонсериска душа, жена која правеше поезија од секоја ситуација, некој на чија работа никој не остана имун, а ние што ја имавме за пријателка, можеме да се сметаме за привилегирани! Марина драга моја, одмори ја душата и знај дека ќе бидеш сакана од сите нас засекогаш, напиша Цеца Ражнатовиќ.

Музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ почина по долга и тешка болест во 67 година од нејзиниот живот.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати