Најголемите должници во Словенија, на „ѕидот на срамот“

Од:

Словенија по примерот на некои европски земји, наскоро ќе објави листа на најголеми даночни должници, а Mинистерството за финансии предупреди дека треба да се внимава со објавувањето на заштитени информации за да не се изврши „јавен линч“ врз некои категории на даночни обврзници кои не се во состојба да ги исполнат своите обврски.

Откако неодамна словенечката даночна управа ги објави даночните обврзници кои должат повеќе од 4.000 евра, но без да наведува имиња на поединци и компании, во јавноста се појавија мислења дека тоа може да го „затруе“ деловното опкружување и да биде контрапродуктивно.

Сепак, најголемиот синдикален сојуз во Словенија вчера од Владата побара да објави список на сите должници, тврдејќи дека тоа го прават и останатите европски влади во ситуација кога имаат намалени приходи.

Наскоро ќе биде објавена неанонимна листа на поголеми должници и тоа оние што подолго време не ги намириле своите обврски. Според информациите на словенечката даночна управа, состојбата на даночниот долг оваа година изнесува 830 милиони евра, а се проценува дека од тоа потенцијално се наплатува само една третина, бидејќи добар дел од тој износ се однесува на компании кои се веќе под стечај.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он