Најголем број од заразените кои се враќаат во Германија се од Косово

Од:

Амбасадата на Република Косово во Берлин соопшти дека, според податоците кои ги објави Институтот „Роберт Кох“, најголемиот број од заразените со Ковид-19, кои влегуваат во Германија се лица кои се враќаат од Косово.

Во објава на својата страница на Фејсбук, косовското дипломатско претставништво во Германија ги повикува косовските граѓани, кои се со престој во таа земја, а ги поминуваат годишните одмори во татковината, да ги почитуваат препораките на Националниот институт за јавно здравство на Косово за држење дистанца, носење маски и одржување на хигиената.

– Ве молиме, штом се вратите во Германија од одмор, да ги следите упатствата на сојузното Министерство за здравство за тестирање на аеродромите, а доколку патувате со автомобил или автобус, да се обратите на здравствените служби во вашата област и да се тестирате, се наведува во објавата.

Во Косово во последно време се забележува пораст на бројот на заразени од новиот коронавирус. Дневно се регистрираат по околу 200 случаи, а според последните официјални податоци, објавени вчера, во земјата моментно има над 3.300 активни носители на вирусот.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он