Најавено олеснување на анти-ковид мерките во Косово

Од:

Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај вели дека здраствените власти во земјата ги разгледуваат можностите за олеснување на дел од мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, кои се моментно во сила.

По денешната средба со Советодавниот борд за справување со пандемијата, Земај, преку својата страница на Фејсбук порача дека, споредено со другите држави, Косово продолжува да биде најуспешно во справувањето со Ковид-19.

– Според статистиките на ЕЦДЦ (Европскиот центар за превенција и контрола на заразните болести), Косово се наоѓа на последно место во регионот кога е во прашање ширењето на заразата и смртноста од Ковид-19. На денешната средба со Советодавниот борд расправавме за епидемиолошката ситуција, при што ја разгледавме можноста за олеснување на дел од мерките кои се моментно во сила, напиша Земај.

Олеснителните мерки, според министерот за здравство, ќе претставуваат „признание за почитувањето на досегашните мерки од страна на граѓаните“.

– Граѓаните со нивната дисциплина, како и сите релевантни актери кои се борат против Ковид-19, докажаа дека заслужуват благодарност и почит. И денеска ги повикувам да ги спроведуваат препораките и да ги почитуваат анти-ковид мерките во однос на јавните активности, собирите на граѓани и политичките собири, порача Земај.

Според последните официјални податоци, во Косово во моментов има 5.950 активни носители на коронавирусот. Од појавата на пандемијата досега се регистрирани вкупно 53.982 заболени, од кои 1.383 починале, додека 46.685 се излекувани. Вчера се забележани шест смртни случаи, 206 новозаболени (од 1.300 тестирани) и 390 излекувани.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски