Најавени нови протести ширум Србија

Од:

На социјалните мрежи денеска со хаштагот „Седи долу!“ се шират повици за продолжување на протестите во главниот град на Србија, но и во други градови ширум земјата: Нови Сад, Ниш, Чачак, Крагуевац, Нови Пазар, Зрењанин.

– Вечерва #СедиДолу бидејќи граѓаните кои не сакаат немири и судири треба да се одвојат од ангажираните групи хулигани, кои ќе предизвикаат судири!, напиша на „Твитер“, политологот Вук Велебит, чија идеја е мирните учесници на протестот да се дистанцираат од оние кои ја напаѓаат полицијата и предизвикуваат инциденти.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денес соопшти дека по насилните протести во изминатите два дена, во кои беа повредени десетици полицајци и демонстранти, се воведуваат досега најстрогите мерки во Белград, кои вклучуваат и целосна забрана на јавно собирање на повеќе од 10 луѓе, на отворено и во затворени простории.

Повикот до граѓаните вечерва во 18 часот да дојдат пред српскиот Парламент го сподели и лидерот на Движењето на слободните граѓани, Сергеј Трифуновиќ, кој на вчерашиот протест беше нападнат и повреден. Тој нагласува демонстрантите да облечат бели маици, со што ќе покажат дека „не се предавници и хулигани, а со тоа ќе се направи јасна дистанца помеѓу полициските хушкачи и ние кои ќе дојдеме да изразиме незадоволство“, додаде тој.

Во Нови Сад, како што јавија српските медиуми, протестот ќе продолжи вечерва во 18 часот на плоштадот „Слобода“.

Од медиумот „Јужни вести“ објавија дека протестите вечерва продолжуваат во другите градови како Ниш, Врање и Лесковац, а организаторите им порачале на сите кои планираат да ја напаѓаат полицијата да не доаѓаат. Исто така, најавено е дека од вечерва протестот ќе го обезбедува Синдикатот на војската и полицијата.

Жители на Нови Пазар преку социјалните мрежи од синоќа почнаа да ги повикуваат своите сограѓани да излезат на протест, кој неофицијално е закажан за вечерва во 19 часот во центарот на градот. Еден од организаторите на собирот е Ирфан Угљанин, кој во разговор за српски медиум, истакнал дека станува збор за мирен протест, каков што им доликува на граѓаните од овој град, кои се наоѓаат во една од најтешките ситуации досега.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати