Над илјада свлечишта во Србија

Од:

Генералниот директор на Сообраќајниот институт ЦИП Милутин Игњатовиќ изјави денеска дека во Србија во моментот има над илјада свлечишта и оти најмногу се погодени Косјериќ, Мали Зворник, Бајина Башта и Горњи Милановац, јави Танјуг.

Според него, во моментот најмногу работа има во Косјериќ, каде екипи на ЦИП се наоѓаат на терен од вчера и ќе останат уште неколку дена.

– Има толку многу свлечишта, кои мора да се лоцираат и да се прегледаат и дури тогаш ќе дадеме предлози за мерки за санација за оние свлечишта кои можат да се санираат, но дури врз основа на детални истражни работи, рече Игњатовиќ.

Во врска со големото свлечиште во Мали Зворник, каде речиси цело брдо се придвижило, Игњатовиќ рече дека постојат одредени мерки кои би можеле да се применат за санација.

Тој истакна оти нема да се санираат свлечишта кои не „ги напаѓаат“ станбените објекти, патиштата, железниците и друго.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ