Над 90.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ во изминатите 20 години

Од:

Во изминатите дваесет години од државјанството на БиХ се откажале 93.210 лица, а само лани, до 10 декември, од книгата на државјани се испишале 2.802 лица.

dobivaj vesti na viber

Трендот на откажување од државјанството на БиХ продолжи и покрај пандемијата, која е присутна речиси две години, објавија локалните медиуми.

– Во постапката за откажување од државјанството на БиХ, странките не се обврзани да наведат други причини освен фактот дека веќе поседуваат или дека им се гарантира стекнување државјанство на друга држава, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.

Тие додаваат дека во неформални разговори оние кои се откажуваат од државјанството на БиХ како реална причина најчесто го наведуваат поповолниот работен статус, правото на поседување недвижен имот, полесно патување и студирање во странство.

Се наведува дека поголем број луѓе кои се откажуваат од државјанството се целосно интегрирани во средините во кои живеат во странство, дури и повеќе отколку во БиХ.

Граѓаните најчесто се откажуваат од државјанството на БиХ поради стекнување на германско и австриско државјанство.

Надоместокот за повлекување од државјанство изнесува 800 конвертибилни марки (околу 400 евра), освен оние кои земаат државјанство на некоја од земјите од поранешна СФРЈ, кои плаќаат такса од 200 конвертибилни марки (околу 100 евра).

Според Министерството за цивилни работи на БиХ, во 2021 година државјани на БиХ станале 431 лице.

– Нашето државјанство најмногу го барале граѓани на Црна Гора, Турција, Сирија и Египет, тврди Министерството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел в петок во посета на БиХ

Ана Ололовска

Тегелтија на средбите во САД: Република Српска не планира отцепување од БиХ

А1он

Три хрватски партии во БиХ го поддржаа Милановиќ во напорите за промена на изборниот закон во таа земја

А1он

Шарл Мишел ќе пристигне во БиХ на крајот на следната недела

А1он

Паролин: Ватикан се залага за еднаквост на народите во БиХ

Ана Ололовска

Шмит: Република Српска усвојува закони кои го поткопуваат суверенитетот на БиХ

А1он