Над 50.000 деца во Грција ќе останат надвор од детските градинки

Од:

Над 50.000 деца во Грција ќе останат надвор од детските градинки поради намалено финансирање кон општините, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“. И покрај 42-процентниот раст на барањата во спредба со минатата година, недостигот на пари ќе остави илјадници деца надвор од државните детски установи.

Во писмото до премиерот Андонис Самарас претседателот на социјалната комисија при сојузот на општините во земјата Симос Данилидис истакна дека ако финансирањето на општините ќе биде зголемено, ќе настане сериозен социјален проблем, бидејќи принудно ќе се отфрлат 50 отсто од барањата, кои се 96.151.

Локалните власти имаат проблеми со покривање на трошоците за детските установи и одделените пари стигнуваат за поддршка само на 43.000 места.

Цената за приватни детски градинки започнува од 400 евра, а во исто време државните установи се бесплатни за луѓето со ниски доходи, при што таксите можат да достигнат до 150 евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски