Над 5.000 бегалци и мигранти сместени во новиот, привремен камп на Лезбос

Од:

Процесот на сместување на бегалците и мигрантите во новиот, привремен камп Кара Тепе на Лезбос, продолжува со зголемен ритам и досега се згрижени над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вчера наутро започна и полициската акција, за сите оние кои се по улиците и на паркинзите пред големите супермаркети, да бидат префрлени во новиот камп, а од Атина на островот беа испратени и 70 жени полицајки за да помогнат.

-Ритамот на сместувањето на мигрантите во новиот камп се зголемува од час во час, акцијата на грчката полиција продолжува на многу ефективен начин, веќе над 5.000 се сместени, а како што помина времето, овој број се зголемува, рече алтернативниот министер за миграција и азил на Грција говорејќи за радиото „Параполитика“ и додаде дека досега се направени и над 2.000 тестови за Ковид-19.

На островот се 17 мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција кои со помош на брзи тестови ги тестираат бегалците и мигрантите пред тие да влезат во новиот камп.

Илјадници лица кои престојуваа во Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти и во импровизираниот камп во Мориа, останаа на улица, по двата пожари пред десетина дена.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти