Над 20 проценти од Србите стекнале имунитет на Ковид-19

Од:

Пред сегашниот и досега најсилен бран на епидемијата, 20,7% од населението во Србија стекнало имунитет на коронавирусот. Овие информации во јавноста ги изнесе српскиот весник „Новости“ кој имал увид во студијата спроведена од Институтот за епидемиологија на Медицинскиот факултет во Белград заедно со Институтот за примена на нуклеарната енергија.

Според неа најотпорни на вирусот се лицата кои спаѓаат во старосната група под 19 години, односно секој трет или 31,8% од младите има IgG антитела, односно природно стекнат имунитет откако бил заразен.

Кога се гледа вкупната популација во врска со SARS-CoV-2 официјално најзаштитени се жителите на Крагуевац, Ужице, Чачак, Ваљево, Шабац. Факт е дека скоро секоја пети (23,1 %) во овие региони има антитела кои го штитат од вирусот Ковид-19, што покажува дека вториот бран на пандемијата, најсилно ја погоди Шумадија и Западна Србија.

По Шумадија и Западна Србија (23,1 %), јужна и источна Србија водат во имунитет со 21,8 отпорни на вирсот, Војводина со 18,8 %, додека Белград, кој е едно од најголемите жаришта од почетокот на пандемијата, особено во овој трет бран е на четвртото место со 16,9 % од жителите кои имаат развиено природен имунитет.

Друга студија покажала дека стекнатиот имунитет кон коронавирусот бил скоро ист и кај двата пола, кај мажите (20,6 %), а кај жените (20,8%), за разлика од првата серопреваленција SARS-CoV-2 каде што имало позаштитени мажи со (8,1%), отколку кај жени (5%).

Од првичните сознанија дека имунитетот трае најмалку три месеци по прележаната инфекција на коронавирсот се заклучи дека IgG антителата се уште го штитат организмот подолг период, а ова го потврди д-р Марија Гњатовиќ, истражувач на Институтот за примена на нуклеарната енергија.

„Од почетокот на епидемијата, тестиравме повеќе од 25.000 луѓе, од кои 1.000 ги следиме како дел од студијата и се покажа дека повеќето луѓе кои го прележаа коронавирусот уште во месец март се уште имаат антитела“, објаснува д-р Гњатовиќ и додава:

„Вчера беше жена која боледуваше во март, а нивото на нејзините антитела е исто како она кога се откри дека има развиено имунитет по инфекцијата. Ако природно стекнатиот имунитет во повеќето случаи трае веќе седум месеци без значителен пад на IgG антителата во организмот, немаме причина да не веруваме дека овие луѓе ќе бидат заштитени од Ковид-19 најмалку една година“, објаснува Гњатовиќ.

Д-р Гњатовиќ, сепак, вели дека има такви кај кои се губи имунитетот и дека тоа е најмногу случај кај луѓе кои имале асимптоматска форма на Ковид-19 или многу лесна клиничка слика.

„Не е правило дека имунитетот исчезнал кај сите оние кои несвесно го пренеле вирусот или многу лесно го совладале. Напротив, станува збор за помал број случаи, но тие исто така имаат и други имунолошки мемориски клетки кои ќе ги заштитат до одреден степен доколку бидат изложени на повторен контакт со вирусот“, додава таа.

Би можело да ве интересира

Словенија: Десетина пратеници сомнителни на коронавирусот, Парламентот не го одложува гласањето за доверба на Владата

Жарко Настоски

Од утре почнува масовна вакцинација во Србија

Ана Ололовска

Ново „затворање“ во Австрија, Владата бара поголемо растојание меѓу луѓето и одреден тип маски

Ана Ололовска

Словачка планира за девет дена да го тестира цело население за коронавирус

Ана Ололовска

Франција е на пат да ја постигне својата цел да вакцинира еден милион луѓе против Ковид-19 до крајот на јануари

Ана Ололовска

ИАТА: Употребата на ковид-пасоши започнува во март

Ана Ололовска