Над 2.370 имигранти загинале во Средоземното Море од почетокот на годината

Од:

Над 2.370 имигранти загинаа во Средоземното Море од почетокот на годината, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.

Најголем дел од нив животите ги загубиле на т.н. централна маршрута – од Северна Африка кон Малта и Италија.

Кон Турција и Грција загинале 83 мигранти, а кон Шпанија и Канарските Острови, 23.

Во истиот период лани во Средоземното Море загинаа 2.081 имигрант.

Од почетокот на годината во Европа дошле 267.121 имигрант. Најголем дел од нив пристигнале во Грција (157.228). Најголем дел од пристигнатите во Грција се Сиријци (88.204) и Авганистанци (32.414), а во Италија – Еритрејци (25.657) и Нигеријци (11.899).

Бродовите и авионите од европската патролна мисија Тритон спасиле 3.400 имигранти крај бреговите на Либија само во изминатата недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он