Национал: Дронот е украински, бомбата била наменета за Русите

Од:

Беспилотното летало, што на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана.

Истиот извор за Национал открил дека е извесно дека авионот излегол од контрола и оти наместо на руските позиции во Украина, завршил во Загреб, каде што паднал кога останал без гориво.

Останува непознато дали леталото изгубило контрола поради човечка или техничка грешка.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека дронот носел експлозив, еден вид бомба и дека понатамошната истрага ќе утврди кој и на кој начин го лансирал проектилот кон Хрватска, како и дали се работи за грешка, саботажа или намера.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он