На возачот на косовскиот автобус му се заканува казна од 15 години затвор

Од:

Возачот на автобусот, во кој вчера загинаа 10 лица, а над 40 се повредени во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода, за што максималната казната изнесува до 15 години затвор.

Според полицијата, возачот признал дека заспал зад воланот, што ја предизвика несреќата во која, покрај деветмина патници, загина и неговиот колега, вториот возач во автобусот.

Хрватската полиција објави и дека е утврден идентитетот на осум загинати лица, додека постапката идентификација на уште двајца загинати продолжува.

Во полициското соопштение се наведува дека против возачот, 52-годишен косовски државјанин, е поднесена кривична пријава поради сомнение за предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа тој ќе биде предаден на обвинителството во Славонски Брод за понатамошна постапка.

Досега полицијата утврди дека возачот, кој управувал со автобусот со косовски национални регистарски ознаки, не се движел по средина од обележаната сообраќајна лента, туку ја преминал тревнатата површина, по што автобусот се превртел на страната. Во несреќата загинаа десет луѓе, 15 патници се тешко повредени, додека 30 имаат полесни повреди.

Би можело да ве интересира

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија

Ана Ололовска

Словенија ќе ја прошири оградата за заштита од мигранти кон Хрватска

Ана Ололовска

Попис на населението во Хрватска од денеска до 17 октомври

Ана Ололовска

ВИДЕО: Голем пожар кај Задар, пожарникарите цела ноќ се бореле да ги одбранат куќите

Катерина Павлова-Николовска

Учениците со маски, во Хрватска почна учебната година

Катерина Павлова-Николовска

Хрватска вакцинираше над 50 отсто од своето возрасно население

Ана Ололовска