На унгарско-српската граница откриен тунел за илегален влез на мигранти

Од:

Унгарската полиција во текот на викендот открила тунел под жичаната ограда на унгарско-српската граница, и во неколку акции спречила илегален премин на повеќе од 300 мигранти, јави Радио Телевизија Србија (РТС).

Тунелот, кој е долг 24 метри, бил откриен во соработка со српската армија во близина на унгарскиот град Морахал и се верува дека бил користен за нелегален влез на мигрантите во Унгарија од каде заминуваат во Западна Европа.

Ова е трет подземен премин под оградата откриен во последната година во тој регион, пренесува РТС.

Граничната полиција уапсила 54 лица кои се обиделе да ја прескокнат или да ја пресечат жичаната ограда на унгарско-српската граница, а 258 мигранти биле пронајдени во граничната зона без документи. Повеќето од нив рекле дека се Сиријци, но имало и државјани на Ирак, Иран, Авганистан и Палестинци.

Унгарија од крајот на мај бележи големо зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во земјите на ЕУ, а само минатата недела имало речиси 900 обиди за илегално преминување.

Унгарските власти повторуваат дека Унгарија нема да ја отстрани оградата на унгарско-српската граница, и ќе ја зајакне одбраната на шенген зоната со цел да ги спречи мигрантите илегално да влезат на територијата на ЕУ, пренесува РТС.

Покрај северниот дел на Војводина, обиди за илегално преминување на границата се бележат и во југозападниот дел од покраината, во хрватско-српската погранична област.

Во средината на мај во близина на Шид беше распоредена специјална и воената полиција за да го заштитат локалното население од мигранти.

Би можело да ве интересира

Камиони со 150 мигранти откриени во Демир Капија и Ваксинце, еден од возачите избегал

А1он

Нема да има кабинетска настава во Србија, учениците ќе носат маски и ќе има повеќе модели на образовниот систем

А1он

Децата во Србија ќе одат на училиште со скратени часови

Италија бележи повеќе мигранти што во земјата стигнале преку Балканската рута

А1он

Во Србија формирана Обединета опозиција

А1он

Во Белград со денови огромни редици за тестирање за Ковид-19

А1он