На српскиот новинар Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор до 30 дена

Од:

На новинарот Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена, поради сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста, кога носел транспарент со кукла на „обесениот претседател на Србија, Александар Вучиќ“ на протестот „Србија против насилството“, потврдија од семејството на Савковиќ за Здружението на новинари на Србија.

Како причини за одредување притвор, како што соопштија од УНС, се наведува можноста тој да го повтори делото и да влијае врз сведоците.

Новинарот Бошко Савковиќ е приведен под сомнение дека на протестот „Србија против насилството“ во саботата носел „висечка кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ“.

Ќерката на Савковиќ, Емилија, изјави за Данас дека четворицата мажи се појавиле на нивната врата без никаков налог за апсење.

„Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот бил цело време, а на сликите се појавила кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачува на својот Твитер профил. Транспарентот е сеуште кај нас, го гледаме. Го виделе инспекторите кои дошле. Но, ние немаме врска со куклата“, вели Емилија за Данас.

Бошко Савковиќ е третиот новинар кој е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста. Во притвор е и сопственикот на таблоидот Милован Бркиќ, а Дејан Златановиќ од порталот Србин инфо по 49 дена е пуштен да се брани од слобода, соопшти УНС.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов