На синдикалниот протест во Загреб учествуваа 20.000 луѓе

Од:

На првомајскиот протест, кој се одржа под слоганот „Менувајте го правецот“ на централниот Плоштад Бан Јелачиќ во Загреб, денеска учествуваа околу 20.000 луѓе во организација на пет синдиката и поддршка од голем број невладини и ветерански организации, кои побараа промена на владината политика.

Насобраните синдикалци побараа од Владата промена на политиката, а ако тоа не се случи најавија дека ќе организираат нови протести и ќе бараат предвремени избори.

Собирот помина мирно, без интервенција од полицијата и медицинската помош, и покрај топлото време.

На почетокот демонстрантите го исвиркаа премиерот Зоран Милановиќ, по што беше пуштена видео снимка од неговиот говор во 2010 година, кога тој беше во опозиција и вети дека нема да ги изневери работниците.

Претседателот на Сојузот на самостојните синдикати на Хрватска (СССХ) Младен Новосел изјави дека Владата ја води земјата „далеку од она за што одамна е пролеана крв“ и дека луѓето не сакаат да бидат сиромашни во богата држава.

Тој нагласи дека правата на работниците не смеат да се менуваат насилно, како што прави Владата со откажување на колективните договори и намалување на платите, обвинувајќи ја власта дека врши поделба меѓу работниците.

Би можело да ве интересира

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

За три години над 130 деца ги загубија животите во Хрватска

Горан Наумовски