На опозицискиот протест во Подгорица потпишана Спогодба за иднината

Од:

Пред неколку илјади граѓани собрани на протест на плоштадот на независноста во Подгорица, опозициските пратеници од црногорскиот парламент потпишаа Спогодба за иднината, со која побараа оставки на водечките луѓе во државата и формирање техничка влада.

Главна тема на потпишаната спогодба се условите за одржување фер и демократски избори, при што потписниците се обврзаа дека нема да учествуваат на ниту едни избори што ќе бидат одржани пред исполнување на нивните барања.

Како што изјави еден од организаторите на седмиот по ред протест под слоганот „Пружи отпор – 97000“, Славиша Грубиша, со Спогодбата бараат оставки на претседателот на државата, Мило Ѓукановиќ, премиерот, Душко Марковиќ, челниците на обвинителството, Ивица Станковиќ и Миливој Катниќ, директорот на Агенцијата за спречување на корупцијата, Сретен Радоњиќ, како и раководството на Радио-телевизија Црна Гора.

Спогодбата ја подготвија група црногорски партии во којашто учествуваат Демократскиот фронт, партијата Демократ, Социјалдемократската партија, Социјалистичката партија, партијата Демос, како и независните пратеници.

По потпишувањето на Спогодбата и обраќањето на говорниците, граѓаните одржаа протесна прошетка низ градот.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора