На Крит запленета дрога во вредност од над 100 милиони евра

Од:

Дрога, чија улична вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, запленета е во пристаништето Ираклион на Крит.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека бродот „Нока“, кој пловел под сириско знаме, превезувал над шест тони хашиш и преку три милиони таблети од халуциногената дрога „каптагон“, познати и како „џихадистичка дрога“.

Дрогата била скриена во 18 контејнери.

Бродот испловил од Сирија, а крајна дестинација била либискиот град Бенгази.

Единаесетчлениот екипаж, составен од десет Сиријци и еден Индиец, изјави дека не знаеле за илегалниот товар.

Според грчката крајбрежна стража дел од дрогата би завршил на нарко пазарите во Европа.

Би можело да ве интересира

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар

Силен земјотрес го погоди Крит

Горан Наумовски

Авион падна во морето кај Крит: Две лица се исчезнати

Девојка од Србија е претепана од пријатели со кои дошла на Крит

Земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес го погоди Крит

Горан Наумовски