На косовската граница немало српски полицајци, туку заедничка патрола на КФОР и српската војска

Од:

Припадници на силите на НАТО на Косово од мисијата КФОР вчера околу 17 часот спровеле синхронизирана патрола со припадници на српската војска на административната линија на границата меѓу Србија и Косово во општината Каменица, соопшти денеска КФОР.

Вчера и денеска, косовските медиуми пишуваа дека во близина на Каменица се забележани припадници на српската Жандармерија, а тоа предизвика реакции од повеќе косовски политичари.

Од 2008 година наваму, синхронизираните патроли рутински се спроведуваат заеднички од страна на КФОР и Војската на Србија долж границата, за да се обезбеди дека нема инциденти, соопшти денеска КФОР.

Од мисијата велат дека КФОР спроведува и заеднички патроли со косовските безбедносни сили во близина на административната линија, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ