На хрватските радикали им пречи кириличното писмо

Од:

Пратеникот на самостојната демократска српска партија СДСС, во Сабор, Милорад Пуповац изјави дека невоведувањето на српскиот јазик и писмо во Вуковар, не и е потребно на Хрватска која е на прегот од влезот во Европска унија.

Кирилицата не е воено писмо, ниту ќе стане. Туку е историско писмо на голем дел од словенскиот народ, како и дел од писмената традиција на Србите во Хрватска – изјави Пуповац.

Тој додаде дека оние кои што тоа нема да го прифатат, ќе нанесат штета на меѓуетничките односи и угледот на Хрватска.

Пуповаќ рече дека тие кои во Хрватска сакаат да го обноват десничарскиот конзервативен радикализам, сега ја нашле кирилицата како повод. Според него обновувањето на воените знамиња и пораки не се прикаладни, ниту пак потребни.

Во Хрватска не треба ниту едно место, па ни Вуковар да се брани од некој или од нешто – изјави Пуповац.

Претставниците на Штабот за одбрана на Вуковар и ораганизаторите на големиот протест против воведување на кирилица, на претседателот на Сабор, Јосип Леко му предадоа барање за мораторијум или одземање на примената за двојазичноста.

И покрај противењето на здруженијата на воените ветерани и десничарските партии, министерот за правда, Арсен Баук повеќе пати порача дека државата нема да ја одложи примената на уставниот закон, за правата на националните малцинства.

Додека трае расправата за двојазичноста, во Вукавар последните денови се испишани навредливи графити, а полицијата се уште ги бара извршителите.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари