На Аљбин Курти му забранија да учествува на косовските избори, не поминале три години откога бил осуден

Од:

Лидерот на Движењето Самоопределување, Аљбин Курти, нема да може да учествува на претстојните парламентарни избори во Косово, бидејќи Изборниот панел за жалби и претставки (ЕЦАП) во Приштина одлучи денеска кандидатите кои во последните три години биле осудени да немаат право на учество на овие избори.

ЕЦАП ја донесе одлуката врз основа на жалбите поднесени од сите партии, а според одлуката на Централната изборна комисија.

– И покрај уцените и притисоците кои пристигнаа од страните кои се жалат, ЕЦАП ја извршува својата работа целосно професионално согласно одлуката на Уставниот суд и важечките закони, истакна извор од ЕЦАП.

Политичарот пред две години беше осуден на условна казна поради фрлање солзавец во косовскиот парламент, а во септември 2018 година, пресудата ја потврди и Апелацискиот суд.

Покрај Курти, уште четворица кандидати од листата на движењето Самоопределување нема да можат да учествуваат на изборите.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски