На 17 и 18 март ќе се расправа по жалбата на Ратко Младиќ на првостепената пресуда на судот во Хаг

Од:

На 17 и 18 март следната година ќе се оддржи усмената расправа по жалбите на одбраната и обвинителството на првостепените пресуди на генералот Ратко Младиќ пред Меѓународниот суд во Хаг, денеска соопшти судот во Хаг.

Поранешниот командант на Војската на Република Српска, генерал Младиќ (76) со одлука на Хашкиот трибунал на 22 ноември 2017 година беше осуден на казна доживотен затвор.

Трибуналот Младиќ го прогласи за виновен за геноцидот во Сребреница, прогонот на муслиманите и Хрватите ширум БиХ, тероризирање на населението на Сараево со долготрајното гранатирање и снајперски оган и земање на припадници на УНПРОФОР за заложници во периодот од 1992 до 1995 година.

Според пресудата, тоа биле четири здружени злосторнички потфати чија заедничка цел било трајното и насилно отстранување на Хрватите и муслиманите од поголем дел на територијата на БиХ, заради воспоставување српска доминација.

Овие злосторства, покрај геноцидот во Сребреница, во пресудата се квалификувани како злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување на Женевските конвенции.

На пресудата жалба поднесе одбраната, барајќи Младиќ да биде ослободен или повторно да му се суди. Според одбраната, не се докажа постоењето на злосторнички здружувања, нити дека Младиќ во нив учествувал.

Обвинителството со жалбата побарало Младиќ да биде прогласен за виновен и за геноцид во уште шест општини во БиХ, тврдејќи во текот на судењето, дека ја докажало неговата вина. Со провостепената пресуда, поранешниот командант на ВРС беше ослободен по сите отчки од обвинението.

Со усмената расправа по жалбите ќе се заврши изведувањето на доказите во процесот против генералот Младиќ. Судиите потоа ќе се советуваат за правосилната пресуда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

(ВИДЕО) Го осудија за педофилија, па им избега низ прозорец

Предраг Петровиќ

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска