Н1: Самоорганизирани групи во Словенија „ловат“ мигранти

Од:

Во Словенија, освен жица на границата со Хрватска, во лов на мигранти појдоа и самоорганизирани групи, јави загрепската ТВ Н1.

Според таа телевизија, Блаж Зидар секој ден оди покрај жичаната ограда и по десетина километри бидејќи, како што вели тој, освен што границата на одделни делови е пропусна, повремено и полицијата „замижува“ на илегалните преминувања. Тој вели дека не носи оружје, но со мигрантите „физички би се пресметал во случај на напад“.

Во Штаерска, на границата со Австрија, со слична цел се организирала група од околу 50 мажи, која се нарекува Штаерска гарда, а ја предводи Андреј Шишко. Како што јавува Н1, тие со оружје, кучиња и маски на глава ловат мигранти по шумите.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он