Мустафа: Противниците на договорот за правосудство без аргументи

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави синоќа дека разговорите кои претходеле на договорот за правосудство со српскиот премиер Александар Вучиќ биле тешки, но оти тоа е голема победа и оти тие кои на тоа се спротивставуваат немаат аргументи.

– Ако некому не му се допаѓа она што го постигнавме, тоа е друга работа. Тие кои на тоа се спротивставуваат немаат аргументи кога велат дека Косово губи ако има Основен суд кој го покрива северниот и јужниот дел, но ќе имаме и едно обвинителство од двете страни на реката Ибар, рече Мустафа.

Тој исто така нагласи и дека „доколку не се разговара со Србија, нема да има пристап на северот уште 20 години, како што немаше ни изминатите 15“.

Говорејќи за смената на српскиот министер за враќање Иса Мустафа Александар Јаблановиќ, Мустафа оцени дека е „значајно што тој повеќе не е дел од владата“, но подвлече дека немало потреба поради изјавите на Јаблановиќ да се организираат масовни протести.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска