Мустафа доби поддршка од партијата за коалицирање со Харадинај и Лимај за нова влада на Косово

Од:

Генералното собрание на Демократкиот сојуз на Косово (ЛДК) денеска му изрази поддршка на партискиот лидер Иса Мустафа во намерата да договори коалиција со опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Социјалдеморкатска иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, со цел да формира нова влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Иницијативата за формирање парламентарно мнозинство, во кое освен ЛДК, ААК и Нисма би учествувале и партиите на српската и другите немнозински етнички заедници во Косово, е покрената откако Собранието, на 25 март, на иницијатива на партијата на Мустафа, изгласа недоверба на владата предводена од лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти.

Мустафа вечерва соопшти дека на неговото писмено барање до највисокото партиско тело за поддршка за договарање коалиција со партиите на Харадинај и Лимај и оние на малцинските заедници, одговориле 114 членови на Генералното собрание, од кои 108 се изјасниле „за“ и шест „против“. На писмото не одговориле 10 од вкупно 124-те членови, колку што брои тоа тело.

– Врз основа на ова, како претседател на ЛДК, констатирам дека постои волја кај Генералното собрание на ЛДК за преземање на мандатот врз основа на следењето на уставните процедури за формирање можна коалиција со ААК, Нисма и партиите кои ги претставуваат немнозинските заедници во Собранието на Република Косово, напиша Мустафа на својот Фејсбук.

Пред оваа објава, реагирајќи на последните мерки на Владата во оставка за ограничување на движењето на граѓаните, Мустафа денеска оцени дека Курти ги крши Уставот и човековите права и слободи и порача дека е неопходно да се избере нова влада на Косово.

Косовското Собрание, на 25 март, на иницијатива на ЛДК, која до тогаш беше дел од владината коалиција, со повеќе од две третини од гласовите на пратениците, изгласа недоверба на кабинетот на Курти.

Самоопределување и нејзиниот лидер, премиерот во оставка Курти, тврдат дека нова влада, според нивното толкување на Уставот на државата, може да се формира единствено по нови парламентарни избори, кои не можат да се одржат пред да заврши кризата со епидемијата на Ковид-19.

Претседателот на Косово хашим Тачи, непосредно по уривањето на владата, започна консултации со парламентарните партии, со цел да се формира нова Влада. Прв кому се обрати со барање да предложи мандатар за премиер беше Курти, како лидер на партијата победничка на октомвриските парламентарни избори, меѓутоа од ВВ инсистираат дека во ваква ситуација единствено решение се вонредните избори.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Харадинај: Курти очајно се обидува да ги прикрие несогласувањата со сојузниците, особено со САД