Муслиманската заедница бара брзо да се расветли крвавиот инцидент во џамијата во Тирана

Од:

Поглаварот на албанската муслиманска заедница, Бујар Спахиу реагираше во врска со крвавиот инцидент што денеска се случи за време на молитва во џамијата „Дине Хоџа“ во Тирана, каде петмина верници беа избодени со нож од страна на 34-годишен напаѓач.

Преку објавата на социјалните мрежи, Спахиу ги повика надлежните органи што побрзо да го „разјаснат овој настан што ги повреди верниците во овие денови на Рамазан“.

Тој наведува дека бил информиран од Муфтијата на Тирана, Лауран Лули, од медиумите, но во детали и од имамот на џамијата Ахмет Калаја, како и очевидци, кои потврдиле дека напаѓачот од улица влегол во џамијата и почнал да напаѓа, повредувајќи и верници и членови на џамискиот одбор и предизикувајќи мешаница и стампедо.

-За среќа повредените се вон животна опасност. Му се молиме на Бога за нивно брзо закрепнување. Напаѓачот е во рацете на полицијата. Бараме од надлежните органи што побрзо да го разјаснат овој настан што ги повреди верниците во овие денови на Рамазан, напиша поглаварот Спахиу.

Според последните информации од болницата во Тирана поврдените се вон животна опасност а врз еден од нив, кој имал длабока рана во пределот на стомакот е извршен оперативен зафат.

Би можело да ве интересира

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов