Муслиманите ширум светот го одбележуваат Бајрам

Од:

Муслиманите во регионот денеска го одбележуваат Рамазан Бајрам, со кој завршува месецот на пост и откажување. Тоа е еден од двата најголеми празници за муслиманите.

Рамазан Бајрам е празник со кој се означува крај на постот и означува крај на месецот рамазан.

Традиционално, Бајрам се слави три дена како официјален празник во земјите каде муслиманите се мнозинство, но бројот на слободни денови варира од држава до држава.

Како и рамазан, Брајрам почнува со првите знаци на младата Месечина, така што муслиманите мораат да ја чекаат ноќта пред самиот празник за да го означат точниот датум.

Ако Месечината не е видлива, месецот трае 30 дена. Датумот, ако се пресметува по Грегоријанскиот календар се менува и варира од земја до земја, во зависност од географската положба.

Во Исламот, рамазан е свет месец на пост, интроспекција и молитви. Постот е еден од петтте фундаментални принципи на Исламот. Секој ден за време на Рамазан, следбениците на Исламот, не јадат ниту пијат од зора до зајдисонце. Тие исто треба да избегнуваат нечисти мисли и лошо однесување. Првиот оброк пред зори за време на Рамазан се нарекува сухор. Постот се прекинува секој ден со оброкот наречен ифтар. Ифтарите се често време за радосни собири за јадење со семејството и со пријателите. Видот храна која се служи може да варира во зависност од културата.

Муслиманите го прекинуват секојдневниот пост со споделување оброци со семејството и пријателите. Крајот на Рамазан се слави како тридневна прослава позната како Ид алфит`р, кој се смета за еден од најголемите празници во Исламот.

Исламот е втората по бројност религија во светот, по Христијанството, со повеќе од една милијарда следбенци. Исламот потекнува од Арабија, но е раширен низ целиот свет. Држави со најбројно муслиманско население се Индонезија, Пакистан, Бангладеш, Нигерија, Египет, Турција и Иран.

Муслиманите веруваат дека во 610 година маж по име Мухамед (живеел од 570 до 630 година) од арапскиот град Мека, започнал да прима откривенија од Бога или Алах, преку ангелот Габриел. Пораките биле собрани во света книга со 114 поглавја, позната како Куран, за која муслиманите веруваат дека ги содржи точните зборови на Бога.

Мухамед е последниот пророк во редот на исламски пророци (меѓу кои се и Адам, Аврам, Мојсеј и Исус), кои биле избрани од Бога да делуваат како пророци и да го поучуваат човештвото.

Муслиманите веруваат дека постои еден сезнаен Бог, и дека луѓето ќе дојдат до спасение со следење на неговите упатства. На арапски, Ислам значи „поднесување“ или „предавање“ (на Бога).

Серија на формални чинови на верување, познати и како Петте столба на Исламот, се основата на животот на муслиманите. Меѓу столбовите се: шахада (изјава за верата: „Нема друг Бог освен Алах, а Мухамед е божји пророк“); молитва (муслиманите се молат пет пати на ден); закат (давање милостина); пост; и аџилак (муслиманите би требало да одат на аџилак во градот Мека во Саудиска Арабија, барем еднаш во својот живот, ако се физички и финансиски способни за тоа).

Рамазан е деветиот од 12-те месеци во исламскиот календар, кој е лунарен и заснован според фазите на Месечината. Лунарниот календар е пократок од соларниот календар за 11 дена. Како резултат на тоа, Рамазан не започнува на ист датум секоја година и се менува низ сите сезони.

Рамазан се слави како месец кога Мухамед го добил првото откровение од она што подоцна станало Куран.

Крајот на Рамазан се одбележува со прослава, позната како Ид Ал-фит`р (или Еид Ал-фит`р), што значи гозба или прекин на постот. Почнува дента кога завршува Рамазан и трае три дена. Ид-Ал-фит`р вклучува специјални молитви и оброци со роднините и пријателите, а често се разменуваат и подароци.

Бајрам е и празник кој потсетува и упатува на вредностите на семејниот живот, заедништвото и љубовта кон блискиот. Муслиманите покажуваат солидарност кон другите луѓе, без разлика дали се муслимани или се од друга вера.

Вообичаено, денеска, муслиманите одат во посета на соседите и пријателите, се честат со традиционални бајрамски специјалитети, меѓу кои централно место зазема баклавата. Во регионот обичај е за враме на Бајрам да се посетат и мртвите, заминувајќи на мезарите, каде се молат за нивните души.

Би можело да ве интересира

Авганистанскиот врховен лидер нареди целосно спроведување на исламскиот закон

А1он

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Ана Ололовска

Редарски служби за Велигден и Рамазан Барјам, кинеските вакцини во петок

Катерина Ѓуровски

Макрон им даде ултиматум на француските муслимански лидери да прифатат дека Исламот не e политичко движење

Жарко Настоски

Претседателот на Францускиот совет на муслиманската вера „не сака“ карикатурите на Мохамед да се прикажуваат во училиштата

Ана Ололовска

Муслиманите ширум светот го дочекаа Фитр Бајрам во време на пандемија

А1он