Мрачни прогнози на Вучиќ: Следната зима ќе биде уште потешка, 48 земји ќе бидат на работ од глад

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Будимпешта најави дека на трилатералниот самит за илегалната миграција е договорено Србија до крајот на годината значително да ја усогласи визната политика со ЕУ.

Вучиќ на заедничката прес-конференција по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер рече дека разговарале за сите важни и тешки прашања со кои се соочува Србија, вклучително и енергијата и финансиската состојба во овие три земји, бидејќи сите се под притисок, кој Унгарците и Австријците многу добро го знаат и, како што рече, „само ние што сме посиромашни од нив знаеме колку тешко ќе ги надминеме есента, зимата и пролетта“.

„Се плашам, за разлика од другите кои се оптимисти, дека следната зима ќе биде уште потешка“, рече тој.

Вучиќ рече дека е благодарен што се преземаат заеднички активности во една област, каде Србија е специфичен случај.

„Имавме бегалци од Авганистан, Сирија, Пакистан и други земји. Во исто време имаме и доаѓање на луѓе од Русија. Од денеска имаме 17.000 регистрирани жители во Србија од Русија и Украина заедно. Ова не е мал товар за релативно мала земја како Србија“, додаде тој.

Вучиќ истакна дека Србија ќе биде сигурен партнер за унгарските и австриските пријатели.

„Важно е што добро се разбиравме кога зборуваме за сите други теми. Кога зборуваш за резерви на гас, секој си си го чува, но кога ќе го снема, некому ќе му го земеме, а ако на друг му треба, ќе ни го земат. Истото важи и за храната, бидејќи сигурно ќе има криза со храна. 48 земји ќе бидат на работ на гладување, а тоа ќе се префрли на миграциски текови“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ