Можна е меѓувладина конференција пред октомври

Од:

Србија тешко може да смета на меѓувладина конференција за отворање на првите поглавија од предпристапните преговори со Европската унија, објави Танјуг повикувајќи се на неименуван функционер на ЕУ.

– Од технички начини практично е невозможно да се одржи меѓувладина конфернеција пред летната пауза, истакна неименуваниот функционер.

Тој наведе дека меѓувладините конференции по обичај се одржуваат непосредно пред отворање на поглавијата, а нема доволен напредок во подготовките за преговорите за тоа да се случи до лето.

– Србија оствари импресивен напредок, но до отворање на поглавијата се уште има чекори, наведе функционерот, додавајќи оти октомври е реален рок.

Србија досега го заврши скринингот на седум од вкупно 35 поглавија во преговарачкиот процес, а во тек е скрининг на уште седум.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ