Мори Паские: Ратификацијата на Преспанскиот договор го отвора патот за нова ера на стабилност на регионот

Од:

Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Лилиан Мори Паские, ја поздрави ратификацијата од страна на грчкиот парламент на „Преспанскиот договор” склучен на 17 јуни 2018 година помеѓу Скопје и Атина.

-Ова е историски момент и сакам да им честитам на премиерите Заев и Ципрас за нивното лидерство по ова прашање, како и на членовите на парламентите во Скопје и Атина за нивната определба и храброст да го решат долготрајниот билатерален спор кој многу години ги мачеше односите меѓу двете земји , рече швајцарската парламентарка, која претседава со паневропската асамблеја.

Ратификацијата на овој договор, нагласи, го отвора патот за нова ера на стабилност низ целиот регион и претставува добар пример за помирување и одговорност.

-Договорот ќе биде од корист за жителите на двете земји, регионот и цела Европа, посочи Лилиан Мори Паские.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен