Момче од Елбасан стана најмладата жртва на Ковид-19 досега во Албанија

Од:

Во Албанија, каде дневно во просек овој месец се регистрираат по 250 нови случаи со Ковид-19 или над 20 отсто од тестираните, денеска почина досега најмладата жртва од опасниот вирус.

Станува збор за момче на 21-годишна возраст од Елбасан, кое е еден од четворицата починати пациенти во последното деноноќие. Меѓу нив е и познатиот албански професор доктор Елмаз Елези (86), поранешен директор на Инфективната клиника во Тирана.

Меѓу вкупно 469 починати до сега најмладата жртва беше 23-годишна девојка.

Денеска во Албанија е регистриран нов рекорд на новозаболени или 306 од тестираните 1.412 сомнителни случаи, што е околу 22 отсто од тестираните.

Загрижувачки е и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Од 7.621, колку што се активни на болеста, моментно во двете Ковид болници хоспитализирани се 260 пациенти, од нив 15 се на интензивна терапија, додека шестмина се интубирани.

Од почетокот на пандемијата, во првите денови на март тестирани се вкупно 114.381 лице, позитивен резултат е добиен кај 18.556, додека оздравеле 10.466 (71 во последното деноноќие).

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија