Момче од Црна Гора за 15 дена подметнало 10 пожари

Од:

Полицијата во Херцег Нови го идентификувала и уапсила Л.Р. (19) од тој град, кој е осомничен дека од 24 јули до 8 август подметнал 10 пожари на територијата на таа општина, соопшти денеска црногорското МВР.

Тој е обвинет за подметнување пожари во дел од Херцеговина, палење на ниска и висока вегетација покрај регионалните патишта, во Њивице, Жвиње, Суторина, Поди, Камен, Мокрине, Ситница, Зеленица и Кумбор.

Осомничениот со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна надлежност кај државниот обвинител во Котор.

Неколку дена им беа потребни на пожарникарите да се справат со пожарот кај Њивице. Ситуацијата беше и критична, бидејќи пожарот го преминал патот и се проширил кон населбата. Притоа изгорела една напуштена зграда, а пожарот беше закана за повеќе од 15 куќи. Две куќи биле во непосредна опасност од пожар, но тие биле спасени благодарение на реакцијата на пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора