Могерини: Земјите од Западен Балкан да најдат инспирација во договорот меѓу Атина и Скопје

Од:

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини изјави дека за лидерите на Западен Балкан постојат две опции – да си постават високи цели или да не направат ништо.

– Ако сте политички лидер во компликувана земја и компликуван регион можете да изберете високи цели и да постигнете најдобро за својот народ и земја или да одлучите да чекате да дојдат подобри времиња, истакна Могерини.

Таа после состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Република Северна Македонија ги повика сите земји од регионот на Западен Балкан да најдат инспирација во договорот меѓу Атина и Скопје.

– Тие избраа храбра визионерска улога на лидери што донесе историски резултат. Верувам дека тоа треба да биде инспирација за сите, потенциреше Могерини.

На прашање од новинар на Танјуг за консултациите на ЕУ со меѓународната заедница за процесот за повторно придвижување и можна финализација на дијалогот меѓу Белград и Приштина, високата претставничка на ЕУ одговори дека меѓународната заедница одблиску ги следи случувањата во регионот.

– Во меѓународната заедница и Советот за безбедност постои целосно признание за работата што ја направивме со Северна Македонија и Грција, како и целосно очекување дека тоа може да биде инспирација за останатиот дел од регионот, порача Могерини.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Ковачевски – Фрагојанис: Односите со Грција се издигнуваат во стратешко партнерство за силно економско поврзување

А1он

Односите меѓу С. Македонија и Грција во нагорна линија во 2021 година

Ана Ололовска