Могерини: ЕУ ќе ги прими балканските земји по Брегзит

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави дека е „сигурна“ оти по заминувањето на Велика Британија од Унијата, „нејзината иднина нема да остане на 27 членки бидејќи ќе имаме нови земји членки“.

– Мислам на балканските земји со кои преговараме за членство во ЕУ. Повеќето за тој процес зборуваат како процес на „проширување“, но јас повеќе закам да кажам дека тоа ќе биде повторно обединување на Европа, истакна Могерини во Њујорк, одговарајќи на прашањето дали Брегзит ќе ја ослабне ЕУ.

На прашањето колку напредувале преговорите со земјите од Балканот во процесот за нивно членство во ЕУ, таа нагласи дека „благодарејќи на односот на секоја држава одделно со Унијата, постигнат е успех во голема мера да се излекуваат воените рани предизвикани од пред 20 години“.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија