Могерини: Да се забрзаат пристапните преговори со земјите од Западен Балкан

Од:

Шефицата на дипломатијата на Европска унија, Федерика Могерини во своето завршно обраќање пред Европски Парламент ги истакна успесите на надворешната политика на ЕУ кон Западен Балкан, јави српската новинска агенција Танјуг.

Могерини како успешен пример на европската политика кон Балканот го наведе Договорот помеѓу Скопје и Атина.

Могерини посочи дека би била голема стратешка грешка и пример за „кратковидност“ на ЕУ доколку не донесе одлука за покренување на пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни.

Таа во својот говор посветен на резултатите на надворешната политика на Унијата наведе дека политиката на проширување на ЕУ е една од успешните приказни за време на нејзиниот петгодишен мандат и мандатот на актуелниот состав на ЕП.

– Нашата политика кон Балканот, на Балканот, но првенствено со Балканот е успешна приказна кој имаше тежок почеток и пат од неочекуваното до воспоставување на доверба и заеднички предизвици, истакна Могерини.

Таа ја повика ЕУ да отвори нови и да ги забрза постоечките пристапни преговори со земјите од Западен Балкан, јави Танјуг.

– Верувам дека е потребно да се забрзаат и многу да се инвестира во пристапните преговори кои веќе траат со земјите од Западен Балкан, како и нашето силно партнерство со тие кои се уште не се земји кандидати, наведе Могерини.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ