Могерини: 2018 ќе биде клучна година за Балканот

Новата 2018 година ќе биде клучна година за Балканот со цел европска интеграција и реформите да се направат неповратни, смета високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија, Федерика Могерини.

Таа на нејзиниот блог наведе 12 посебни моменти кои ја обележале нејзината 2017 година, кои сака да ги понесе со себе и во Новата година.

– Ова не беше лесна година за Балканот. Посетив шест главни градови во регионот во некои од најтешките моменти – во некои случаи, моменти на длабока политичка криза, напиша високата претставничка за надворешна политика и безбедност во ЕУ.

Таа наведе дека, денес благодарение на важните одлуки и големиот труд повеќето од кризите се решени.

– Патот кон реформите повторно започна (иако се уште има многу работа), а компасот на европските интеграции го покажува тој пат, напиша Могерини.

Според неа 2018 година ќе биде клучна за овој пат да се зацврсти и да се направи неповратен, што би било важен резултат не само за регионот, туку и за цела Европа.

– Беше ова тешка година за светот, но како и сите други години и 2017 години ни донесе и добри моменти и некои добри работи – работи кои ги постигнавме со голема посветеност, енергија и голема тимска работа, напиша Могерини.

Таа меѓу моментите кои ја одбележале минатата година, ги истакна одбележувањето на 60-годишнината од ЕУ, создавањето на европската одбрана, соработката со земјите од Африка за миграцијата, Самитот на Источните партнерства, поддршката на ЕУ за нуклеарниот договор со Иран, Конференцијата за иднината на Сирија, и друго.

Би можело да ве интересира

Меркел: Британија ќе остане партнер дури и кога нема да биде во ЕУ

Ана Ололовска

Брегзит без договор ќе ја чини Велика Британија 60 милијарди фунти

Кандидати за еврокомесари во идниот состав на ЕК

Ана Ололовска

Фон дер Лајен: Земјите од ЕУ да предложат по двајца кандидати за еврокомесар – жена и маж

Ана Ололовска

Новите алатки за заштита на правната држава пред министрите на ЕУ

Ана Ололовска

Зелените бараат четири портфолија во идната Европска Комисија