Моделот „две Германии“ би можел да го реши проблемот Белград – Приштина

Од:

Моделот за решение на односите помеѓу Белград и Приштина, а со кое не би се навлегувало во прашањето за признавање на независноста на Косово може да биде германско-германскиот договор, кога е избегнато признавање на Источна Германија, но е воспоставена взаемна соработка, оцени некогашнито специјален известувач за Европската унија за Балкан, Стефан Лехне во интервју за неделниот број на „Политика“.

Лехне во интервјуто не сака да прогнозира каков став по прашањето на односите Белград – Приштина ќе има Европската унија кога ќе дојде време за примање на Србија во ЕУ, уверен дека до тоа нема да биде пред 2020 година. „Верувам дека ЕУ ќе бара функционален однос помеѓу Косово и Србија, да можат да имаат меѓусебни договори, да можат да соработуваат, да седнат заедно на состаноците на ЕУ и да не постои така лоша ситуација која може да биде проблем за ЕУ“ – рекол Лехне. Тој верува дека во случај на постигнување на фунционална соработка помеѓу Белград и Приштина, може да биде избегнато признавање на Косово.

Во секој случај ЕУ, не може да си дозволи да има уште еден нерешен проблем како Кипар – оценил Лехне. Решението за проблемот на северот на Косово, Лехне го гледа во рамнотежата измеѓу интересите на Србите кои се таму и Приштина која инсистира на целовитост на Косово. „Тоа е можно, ако на Србите им се даде да управуваат со своите животи, а правно, северот да биде дел од Косово“- го објаснил својот став Лехне.

Тој сугерира можност за воспоставување на собрание на српски општини на северот на Косово, локална полиција со складна национална застапеност и суд кои би бил дел од косовскиот правосуден систем но во него би работеле српски судии. Лехне верува дека новата влада на Србија може, ако сака, да направи значајни чекори кон решавање на проблемот со Косово. „Многу често националистите имаат можност да решат значајни прашања, отколку либералните раководства, бидејќи имаат повеќе доверба кај своето изборно тело за да ги бранат националните интереси„ – оценил Лехне.

 

 

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари