Многумина Грци не ја гледаат смислата на новите избори

Од:

Економист – Лондон

Утрото на 25 јануари, со ветувањето за подобра иднина со новото политичко движење наречено Сириза, со својата свест, 41-годишната Виви, мајка на две деца од Атина, едвај го дочека отварањето на избирачките места. На 20 септември, кога се очекува Грците повторно да се појават пред избирачките кутии уште еднаш по трет пат оваа година, таа ќе остане дома.

– Сите се покажаа исти, вели таа. – Зошто ни се неопходни избори? Мислам дека им дадовме власт за да најдат решение, а не да свикуваат избори секој пат кога не можат да смислат решение, додава Виви.

Но со безработица која упорно е над 20 проценти и во пламенот на економскиот хаос предизвикан со воведувањето на контрола на капиталот во јуни, Виви знае дека нештата можат да бидат и полоши.

Да ја земеме на пример 35-годишната Георгија Галтеми. Некогаш таа имала добро платена работа во фармацијата, а новата плата и е 4,5 евра на час, а тоа не и стига дури ни да си купи сок од моркови во елитниот кафе бар во кој сега работи.

Без политичка стабилност, шансите да си го врати животот на претходниот колосек изгледаат многу слаби. – Тешко е за бизнисите да вработуваат персонал, затоа што немаат претстава дали ќе преживеат следниот месец, вели таа. Нестабилната политичка стуација, контролата на капиталот и постојано менливите даночни регулативи им отежнуваат на компаниите во планирањето на иднината.

Во кругот на нејзини пријатели и семејството, празничната атмосфера на јулсикиот референдум на кој Грците ги отфрлија европските мерки за економија – без ефект – премина во состојба на сеопшт цинизам. Многу од оние кои ја поддржаа левата влада на Сириза која вети многу нешта, сето тоа неколкукратно предизвика разочарувања.

Последното – реферндумот за предлозите на ЕУ за пакетот за спас, беше енергично отфрлен од грчките гласачи. Наскоро по него грчката Влада објави дека ги зголемува даноците за државното образование за 23 проценти. Платите може да се намалат за 26 отсто. Што се однесува до даноците, никој не знае што да очекува.

Разочарувањето е видливо во анкетите на јавното мислење пред парламентарните избори на 20 септември – четврти по ред во Грција од мај 2012 година. Двете најголеми патии (Сириза и Нова демократија) се далеку од постигнување мнозинство. Помеѓу една петтина и една десетина од гласачите не се одлучиле која партија да ја поддржат.

Васислис Левентис од Центристичкиот сојуз, долго време сметан за политички аусајдер, е на пат првпат да влезе во Парламентот. Неговото чудно однесување одамна ја држи неговата партија на маргините на грчката политика; тој е познат по своите телевизиски емисии за супи, но Левентис е најпознат по повиците кон боговите да испратат смрт за лидерите на најголемите грчки партии.

Оние пак кои не се циинични, се апатични. Откако се вратил во родниот Солун во јуни, по три години работа во Германија и Велика Британија, Јоргос Галанис, радио диџеј, вели дека „луѓето се воздржани и внимателни“. – Се обидувам да се дистанцирам за да не се депримирам. Немам ништо против да се гласа често, но за тоа да има причина. Овој пат едноставно не гледам смисол, додава тој.

Неговото мислење го дели и Кристина Гуциу, сопственичка на мал фризерски салон во Атина. Активен гласач на минатите избори, Гуциу вели дека овој пат може нема да го искористи правото за гласање. И покрај разорарувањето, таа се теши кога ја гледа пошироката слика. Гледам очајни бегалци кои доаѓаат во Грција во илајдици секој ден, и си велам – замисли си да си на нивно место. – Тоа се само едни бесмислени избори, ќе ги преживееме, вели таа.

Најверојатнот исход од изборите следната недела е уште една коалиција и уште едни мерки на штедење. Но, може и да не е само тоа. Ципрас, чија партија најверојатно ќе добие повеќе места, е против коалиции со другите големи партии. Ако процентите не се зголемат и големите партии не постигнат договор, изборите следната недела може едноставно да доведат и до нови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит