ММФ: БиХ ќе има големи економски штети поради проблемот со вакцинацијата

Од:

Неуспехот на властите во Босна и Херцеговина да обезбедат навремена и масовна вакцинација на населението против коронавирусот ќе има значителни последици не само за здравјето, туку и за економијата, чие очекувано закрепнување сега е доведено во прашање, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Коментирајќи ја ситуацијата во БиХ, шефот на канцеларијата на оваа монетарна организација во Сараево, Ендру Џевел, потсети дека аналитичарите на ММФ предвиделе раст на БДП од 3,5 проценти за 2021 година, но под услов вакцината да биде широко достапна во втората половина од годината.

БиХ, која има околу 3,5 милиони жители, досега успеа да обезбеди помалку од 150.000 дози вакцини, од кои една третина се донации, а неизвесно е кога ќе пристигнат значителните количества од 1,23 милиони дози, претходно нарачани преку механизмот Ковакс.

Доцни и испораката на вакцината Спутник В, која властите на Република Српска се обидуваат да ја набават со директна нарачка од Русија.

– Сега знаеме дека вакцините речиси воопшто не се достапни и дека почетокот на вакцинацијата воопшто не помина добро. Истовремено, имаме нови мутации на вирусот кои го зголемуваат бројот на пациенти, болниците се полнат, а бројот на смртни случаи расте. Поради тоа ќе мораме да ги ревидираме нашите проценки, надолу, истакна Џевел.

Тој нагласи дека сега сè зависи од тоа што ќе се случи со вакцинацијата, бидејќи без тоа нема да има значително отворање на економијата. Џевел потврди дека ММФ сака да и помогне на БиХ колку е можно побрзо да закрепне и очекува спроведување на реформите кои ќе го стимулираат економскиот раст, но таквите мерки, како што истакна, не значат „затегнување на ременот“.

Преговорите на ММФ со властите на БиХ за нов пакет финансиска помош моменто се блокирани поради условите поставени од Република Српска. Тој ентитет, на пример, не сака да го прифати барањето на ММФ за воспоставување единствен регистар на банкарски сметки на државно ниво за поефикасна контрола на циркулацијата на парите.

РС бара таквиот надзор да го вршат само ентитетите, а не државата. Џевел објасни дека тоа е погрешен пристап, бидејќи ММФ она што го бара и предлага е со цел да обезбеди функционирање на единствениот економски простор во рамките на БиХ.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски