Младите вакцинирани Грци ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава

Од:

Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат во текот на годинава ќе добијат ваучер „Freedom pass“ односно електронска припејд карта што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности.

dobivaj vesti na viber

Ваучерот се однесува на околу 940.000 млади, кои ќе можат да го искористат за патувања во Грција, односно да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или, пак, да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн.

Мерката ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој рече дека „дојде време државата да ги награди напорите на конкретната категорија граѓани“ и истакна дека конкретната електронска припејд карта ќе биде и мотив за вакцинација.

Со примање на првата доза од вакцината, младите од 18 до 25 години, преку интернет апликација ќе го добијат „Freedom pass“ со 150 евра, а изност ќе можат да го користат само за конкретните активности.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција