Младите од Западен Балкан и Турција не се вклучени во општествените процеси

Од:

Младите од Западен Балкан и Турција не се доволно вклучени во сите сегменти на општествените процеси. Тие се девет пати помалку вклучени во општествените процеси за разлика од младите од Европската унија, покажува студијата за младинска (не)вработеност и Индексот на младинско учество изработени во рамки на проектот „Западен Балкан и Турција за младинско вработување“.

Податоците покажуваат дека стапката на невработеност на младите во земјава, иако бележи намалување во споредба со земјите од ЕУ, сепак изнесува 30,5 проценти, додека стапката на вклученост на младите во процесите на едукација и обука изнесува 24,5 проценти. Во земјава, само 3,3 проценти се млади пратеници во Парламентот.

Ова, според Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал која беше вклучена во проектот, укажува на итноста од донесување на политики исклучиво со фокус на младите.

– Едно од клучните сознанија е дека за изминатата година нема податоци за учеството на младите од социјален аспeкт. Социјалната димензија вклучува многу важна област како што се, млади луѓе во ризик од сиромаштија, процент на сиромашни луѓе (млади луѓе кои живеат под границата на сиромаштија), млади луѓе дел од системот на социјална заштита и слично. Од позитивната страна пак, добро е да се спомене дека онлајн алатките (веб страни и социјални медиуми) на локално и национално ниво се со 100 проценти застапеност, што значи дека до сите институции може да се пристапи преку некаква онлајн алатка или онлајн медиум, велат од Младиинфо Интернационал.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски