Митаракис во посета на Лезбос и Самос

Од:

Двата грчки острови Лезбос и Самос што се најпогодени од бегалското/ мигрантското прашање, ги посети новиот министер за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис и порача дека приоритет на Владата е контрола и намалување на мигрантските бранови, како и враќање на мигранти во Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Митаракис рече дека целта на посетата на двата острови е да разговара со локалното население, но и со локалните власти за справување со мигрантската криза.

-Нашата примарна цел во овој момент е ограничување на брановите. Она што е потребно е најпрво зајакнување на граничната стража, но главно забрзување на процесот на азил и враќање во Турција. Почнуваме да ги враќаме оние кои немаат право на меѓународна заштита. За нас, ова е клучна точка на планот. Заедно со новите затворени центри кои што се неопходни за правилно спроведување на новиот процес за азил што владата на Мицотакис го донесе со закон и веќе е во сила од 1 јануари 2020 година, рече Митаракис од Лезбос, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во однос на реакциите на жителите на островите, особено за најавените протести и генерален штрајк во среда, надлежниот министер вели дека го почитува правото на граѓаните да реагираат, „бидејќи навистина е тешка ситуацијата“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски